Застарените системи за производство се најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделците поради што тие, како производители, не можат да бидат конкурентни на пазарот. Токму овој проблем претставниците од Федерација на фармери на РМ му го предочија на министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Субвенциите се од голема помош во земјоделството, но дека се уште треба да се работи на нивна едукација, на нив да не гледаат како на социјална категорија, а на земјоделството да се посветат како на сериозен бизнис. Неопходно е интензивирање на воспоставената соработка меѓу земјоделските здруженија и институциите на системот со цел зајакнување и унапредување на земјоделското производство и насочување на фармерите кон професионализација на бизнисите во земјоделството. Во оваа насока, окрупнувањето на земјоделските парцели, но и намалувањето на поголемиот дел од влезните давачки во производството се неколкуте приоритети на кои мора со заеднички сили да работиме во интерес на развој на секторот.
Застарените системи за производство се најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделците поради што тие, како производители, не можат да бидат конкурентни на пазарот.
Токму овој проблем претставниците од Федерација на фармери на РМ му го предочија на министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Андрија Секуловски, претседател на Федерацијата, во име на фармерите истакна дека субвенциите се од голема помош во земјоделството, но дека се уште треба да се работи на нивна едукација, на нив да не гледаат како на социјална категорија, а на земјоделството да се посветат како на сериозен бизнис.
- Неопходно е интензивирање на воспоставената соработка меѓу земјоделските здруженија и институциите на системот со цел зајакнување и унапредување на земјоделското производство и насочување на фармерите кон професионализација на бизнисите во земјоделството. Во оваа насока, окрупнувањето на земјоделските парцели, но и намалувањето на поголемиот дел од влезните давачки во производството се неколкуте приоритети на кои мора со заеднички сили да работиме во интерес на развој на секторот - рече министерот Димовски.
Според Димовски, предложените новини во основниот закон од областа на земјоделското производство во иднина ќе направи разграничување на професионалните од хоби-фармерите, што од една страна води кон развој и осовременување на земјоделството во целина, а од друга страна кон професионализација на земјоделството и зголемување на потенцијалот за развој.